Пејачката Марија Шерифовиќ одржала настап во трговски центар, а во таа прилика се здобила со тешка повреда кога била нападната од непозната жена.
Марија Шерифовиќ во еден момент се симнала кај публиката да се фотографира со децата, а непозната жена ја нападнала сакајќи да се фотографира и во таа прилика ја удрила пејачката со телефонот во рака.
Марија по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил и откри што се случило, а во објавата може
да се забележи дека Марија држи мраз на рамо.
– Концертот беше одличен. За прв пат по многу години решив да отидам во првите редови и да ги поздравам сите деца. И тогаш налетувам на најнеартикулираното суштество кое од „премногу љубов“ ми го фрли рамото на под. Чекам што ќе биде… Народот не е нормален, жена ми ми го скрши рамото, го гледате – изјави Марија.