Анастасија Ражнатовиќ ја собра целата сцена, семејството и пријателите во еден елитен белградски ресторан, во чие друштво го прослави својот роденден.
Славеничката цело време била видно среќна и расположена, пред се’ поради тоа што сите беа со неа, но и нејзиното момче Немања Гудељ кој само поради неа дојде со семејството од Шпанија.
Меѓу познатите гости Милица Тодоровиќ беше посебно расположена, која „на прва“ и фати око братот на Немања, Драго Гудељ, од кого не се раздели цела вечер.
Милица цело време танцуваше со него, а во еден момент буквално „само што не го јавна“ младиот Гудељ.
„Навистина сакам да танцувам, сега само игравме со Драги и тој танцува одлично. Знаеш колку сакам да танцуам. Драги е топ фраер, а внатре е многу жешко“ – рекла Милица на паузата додека излегла малку надвор да се олади, а на прашањето дали „гори“ меѓу неа и братот на Гудељ, таа низ смеа одговори:
„Не ме убедувајте да направам нешто сега. Толку е убаво овде што немам зборови. Сите се опуштени и среќни“ – прокоментирала пејачката и влегла внатре.
Фото: Дамир Дервишагиќ/Курир.рс