Дваесетгодишната македонска манекенка, модел и мисица Ана Марија Јанковиќ, учествуваше на изорот за „Miss Movie Star“ кој се одржува во Кан и влезе во топ 3 на изборот, при тоа освојувајќи ја и титулата за „Мис Туризам 2022“.
Изборот се одржуваше на 25 мај 2022 во една од ултралуксузните приватни вили на најмонденското собиралиште во Европа на светскиот џет – сет.
Организатор на овој престижен настан беше најпознатиот моден ТВ канал, познатиот „Fashion Tv“.
На изборот присуствувале и голем број познати личности од светот на филмската уметност и модата, а нашата претставничка блесна на црвениот тепих во моделите што ги носеше на преставувањето.
View this post on Instagram
Инаку Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје ( некогашната ЕСРА).
Со моделинг и манекенство се занимава уште од мали нозе, меѓу останатото и заради фактот што таа е постарата ќерка на нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ.
Во Македонија снимила неколку реклами и рекламно-модни едиторијали заедно со или без нејзиниот татко, а се појавува и во некои од видеоспотовите што тој ги изработи и режираше во рамкоте на неговата „Генерал продукција“.
Ана Марија е членка на модната агенција Real Woman Agency од Белград, а пред две години стана ново лице на познатиот моден бренд Guess.