Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 24-ти роденден заедно со пријателите и семејството во еден луксузен ресторан во центарот на Белград.
Некаде околу полноќ таа ги дуваше и роденденските свеќи на огромната торта која била како од бајките.
Наследничката на Цеца беше видно расположена, па играше и се забавуваше речиси со сите гости, а на журката беше и синот на Лепа Брена со кого таа се забавувала цела вечер.
И мама Цеца како и сите останати го промени фустанот, па запеа во чест на нејзината ќерка.
Видно расположено беше и момчето на Анастасија, фудбалерот Немања Гудељ кој допатува од Шпанија специјално за роденденот на неговата нова девојка.
Младите во еден момент се занесоа, па пред присутните сочно се бакнуваа додека сите ги фотографираа и ги споделуваа на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм принтскрин