Промотер

Горан Папаз и Влатко Стефановски музички го овековечија – „Овој момент“ (ВИДЕО)

Горан Папаз и Влатко Стефановски музички го овековечија – „Овој момент“ (ВИДЕО)

Саксофонистот Горан Папаз објави нова инструментална тема и видео насловена „Овој момент“, на која како специјален гостин се појавува легендарниот македонски гитарист и композитор, Влатко Стефановски.

Аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски каде во неговото и студиото на Танче Грозданоски е снимена темата, а музиката е на Горан Папаз. Видеото е изработено од страна на нашиот познат режисер и сценарист Гоце Цветановски.

„Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кој никого не’ оставил рамнодушен со неговото свирење.
Бескрајно сум благодарен на маестро Влатко Стефановски и на сите што работеа на овој проект“ – напиша на својот Фејсбук профил Папаз.

Во продолжение проследете ја темата „Овој момент“ на Горан Папаз:

To top