Црниот фустан одлично ја следеше линијата на телото на војвотката од Кембриџ.
Во Лондон синоќа се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Топ Ган- Маверик“, а покрај актерската легенда Том Круз, на тепихот се појавија и Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.
Војвотката за оваа пригода избра елегантен црн фустан со потпис на Роланд Мареј, а белиот појас на нејзините откриени раменици ја направи оваа креација многу ефикасна.
Целиот стајлинг Кејт го заокружи со висечки обетки, дијамантски прстен, црна чанта, а како и секогаш војвотката не претерала со шминката. Очите само ги нагласила со црна сенка.
Сепак, она што малкумина го забележале е деталот на мокасините на Вилијам.
Вилијам и неговата сопруга се познати како луѓе кои многу внимаваат на деталите, па принцот за оваа прилика на мокасините имаше извезено мало бело-сино авионче, кое потсетува на авионот од оригиналниот акционен филм од 1986 година.
Фото:Принтскрин/Профимедиа/ЗумаПрес/Стефен Лок/Гоф Фото