Дивна и Драган Карлеуша, родителите на српската поп-фолк дива се запознале и се венчале во 1977 година, а следната година ја добиле ќерката Јелена. Во тоа време Дивна била студентка на Правниот факултет, а Драган инспектор за криминал.
За жал, бракот не потрајал. По некое време се разделиле и тргнале секој на своја страна, а нивното единствено дете продолжило да живее со мајка си.
Иако Дивна подоцна беше во емотивна врска со пејачот Велимир Митровиќ Галт цели 17 години, таа не се омажи повторно. Сепак, Драган решил уште еднаш да оди пред матичар, а во официјалната биографија, еднаш претставена во јавноста, стои дека неговата втора сопруга е директор и косопственик на фирма која се занимава со обезбедување.
Кога Јелена Карлеуша имала 13 години, нејзиниот татко со втората жена го добил првиот син Иван, а десет години подоцна и вториот Никола.
Иако отсекогаш негувала блиски односи со полубраќата, а така е и денес, на социјалните мрежи може да се најде само една нивна заедничка фотографија. Снимени се во 2016 година, на Видовден, кога Јелена и Душко Тошиќ го собраа семејството за да прослават десет години љубов и осум години брак.
Браќата на Јелена Карлеуша се копии на татко им и целосна спротивност на нивната сестра, која пак неодоливо личи на нејзина покојна мајка!
Споменатата фотографија се’ уште може да се види на „Инстаграм“ на профилот на Иван Карлеуша, со опис: „Една од минатата ноќ“ #сестра!
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/ivan.karleusa