Пејачката Бритни Спирс доби жестоки критики од своите следбеници, бидејќи пред неколку дена објави дека таа и нејзиниот свршеник Сем Ашгари го загубиле бебето, а сега од нивното однесување изгледаат како тоа да не се случило.
Имено, неколку дена откако ја објави тажната вест на Инстаграм, Бритни објави видео од Мексико каде што била неодамна со својот партнер.
На видеото таа трча по плажата во бикини додека со раце ги прекрива голите гради„Ти, а потоа си играла во песокот и уживала во сонцето.
View this post on Instagram
Но, имало и такви кои ја бранеле, велејќи дека видеото е снимено пред парот да ја објави тажната вест.
Иако заклучиле дека секој ја преживува болката на различни начини, следбениците ѝ порачале дека би било подобро таа да посвети повеќе време на себеси, а не на социјалните мрежи.
„Се обидувам да бидам секси додека трчам како во „Baywatch““, напишала Бритни покрај објавата која ги разбесни нејзините обожаватели.
„Девојко, те сакаме, земи си малку време за психички да закрепнеш. Проживеа големи трауми“, „Можеме ли сите да престанеме да се преправаме дека ова не е чудно?! На оваа жена ѝ е потребна помош“, „Го загуби бебето, а сега објавува видео на кое е гола во песокот“, се некои од коментарите под објавата.
Но, имало и такви кои ја бранеле, велејќи дека видеото е снимено пред парот да ја објави тажната вест.
Иако заклучиле дека секој ја преживува болката на различни начини, следбениците ѝ порачале дека би било подобро таа да посвети повеќе време на себеси, а не на социјалните мрежи.
фото:Инстаграм Бритни Спирс/Гети имиџис