Радио Милева со култен фустан

Повторно моќна: Ким Кардашијан после легендарниот фустан на Мерилин Монро уште еднаш ја воодушеви јавноста (Фото)

Повторно моќна: Ким Кардашијан после легендарниот фустан на Мерилин Монро уште еднаш ја воодушеви јавноста (Фото)

Ким Кардашијан последниве неколку дена е тема број еден во речиси сите светски медиуми. Како што е веќе познато, популарната ријалити ѕвезда на најголемиот моден настан  Мет Гала  го носеше култниот фустан на Мерилин Монро.

Некои беа воодушевени од нејзиниот моден избор, но други рекоа дека Ким не заслужува да го носи фустанот на познатата холивудска дива.

И, додека едните се расправаа, Ким на Инстаграм откри дека блескавиот фустан што Монро го носеше на 19 мај 1962 година за да го прослави 45-тиот роденден на тогашниот американски претседател Џон Кенеди не е единствената креација на покојната актерка која ја носела таа вечер. Ким подоцна се пресоблече во уште еден познат фустан кој го прослави Мерилин Монро. Станува збор за смарагдниот фустан на Норман Норел, кој Мерилин го носеше во 1962 година на доделувањето на „Златен глобус“, кога и ја доби наградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Во потрагата по фустанот на Џен Луис што го носев во Мет Гала, открив дека „Херитиџ аукшнс“ го има легендарниот зелен фустан. А со моето понатамошно истражување, открив дека сопственик на нејзината награда „Златен Глобус“ е мојот пријател Џеф Литам. Ова беше знак дека сите ѕвезди се на место. Ова секогаш ќе биде една од најголемите привилегии во мојот живот“ – напиша Ким на Инстаграм.

Ким не откри дали се работи за реплика или оригинал, но познато е дека во едно интервју изјавила дека поседува копија од овие фустани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POPSUGAR (@popsugar)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/popsugar/kimkardashian

 

To top