Лепа Брена требаше да ја игра познатата улога на Нина Андреевиќ во серијата “Подобар живот”.
Имено, улогата на Нина и била доверена на Брена, но пејачката морала да ја одбие. Како што вели сега, тогаш немала време за тоа.
„Тоа беше одамна и веќе не се сеќавам кој се не ме викаше. Јас немав време да ја снимам серијата, бидејќи снимањето на сите продолженија може да трае и две години, па се појавував само во филмови. Во тоа време бев преокупирана со концерти, ТВ емиси и шоу програми, турнеи низ поранешна Југославија и светот. Снежана Савиќ е одличен професионалец и ја изигра улогата маестрално, нешто што јас сигурно не би го направила така добро како неа“ – потврди Брена.
Улогата на Нина Андреевиќ подоцна навистина ја прослави Снежана Савиќ, која се’ уште е препознатлива по неа и големит музички хит од серијата, песната „Тополска 18“.