Бритни го загуби бебето само неколку недели откако објави дека е бремена.
Поп ѕвездата Бритни и нејзиниот вереник Сем Ашгари се неутешни поради загубата на бебето, а пејачката која планира и свадба со него на социјалните мрежи напиша дека тоа е трагедија за секој родител.
View this post on Instagram
„Со најголема тага соопштуваме дека го загубивме чудесното бебе во рана бременост. Можеби требаше да почекаме уште малку пред да објавиме за бременоста, но бевме премногу возбудени и ја споделивме веста. Нашата љубов е нашата сила. Ќе продолжиме и ќе се трудиме да го прошириме нашето прекрасно семејство. Ние сме благодарни за вашата поддршка. Се молиме за приватност во овие тешки времиња“ – напиша Бритни.
View this post on Instagram
Пејачката веќе ги има синовите Престон и Џејден Џејмс, од бракот со Кевин Федерлајн.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/britneyspears