Пејачката Наташа Беквалац тргна да му обезбеди на семејството свежо овошје, а сите впечатоци ги сподели на Инстаграм воодушевена од мажите кои работат на тезгите.
Пејачката Наташа Беквалац без шминка ја врза косата, во потполно опуштено издание се фати за количка и почна да купува свежо овошје, а најголем впечаток оставија господата од тезгите кои и помогнаа да ги однесе намирниците до автомобилот.
– Пред да одам во Сплит, само да кажам каде ме испратија. Одам на пазар да го обезбедам семејството за викенд. Велат дека немаат свежо овошје – започна Ната, која потоа ја направи следната снимка од пазарот каде овошјето беше во преден план.
– Има се’ на пазарот. Ми требаат банани, јаболка, круши и лимони. Убаво ви е се’ – рекла пејачката на која продавачот и се заблагодарил и се упатила кон соседната тезга.
– Бадеми, лешници и суво грозје – прашала љубезната новосаѓанка, а по купувањето ги споделила впечатоците од набавката:
-Официјално објавувам дека тука се најпрекрасните и најљубезните луѓе. Повеќето господа се на пазарите. Направив се’. Ми дадоа авокадо, кесичка коприви да пробам и дечко ми ги донесе до колата, јас сум навикната само да барам и земам, па се дружам само со луѓе од пазар и многу ги сакам , Чао!
фото:инстаграм/Наташа Беквлац