Радио Милева детали за свадбата

Конечно ќе облече венчаница: Се мажи Миа Борисављевиќ! (фото)

Конечно ќе облече венчаница: Се мажи Миа Борисављевиќ! (фото)

Пејачката Миа Борисављевиќ ги откри деталите за венчавката. По неколку години живот и љубов со пејачот Бојан Грујиќ и две ќерки, Миа Борисављевиќ ќе застане на „лудиот камен“.

Миа проговори за плановите за венчавка, па откри дека сѐ уште не е сигурна на кој датум ќе го каже судбоносното „да“ на Бојан.

„Сѐ уште не знаеме ништо дефинитивно, црквата ништо не ни потврдила. Ништо не е конечно ниту потврдено што се однесува до датумот, треба да закажеме венчавка во матично, а тоа ќе го направиме штом најдеме соодветен простор. Рано е, сѐ организираме сега, ќе има свадба, крштевка на помалата ќерка и прв роденден, сѐ во едно. Сето тоа треба да се случи до  десети јули – објаснува Миа и открива колу е  возбудена што ќе се мажи:

„Искрено, немам впечаток дека се мажам, заедно сме со години, живееме и функционираме како семејство, ништо посебно нема да се смени. Имам впечаток дека ќе направиме добра забава, на околу стотина луѓе“- признава пејачката, која веројатно  ќе го додаде и презимето од сопругот.

„Кога станува збор за венчаница, сè уште не сум ја дефинирала, не знам што ќе облечам – можеби ќе облечам венчаница, а можеби и поопуштена верзија. Што се однесува до презимето, или ќе го додадам од Бојан или ќе го тргнам и  своето, ќе видиме, да не сум само јас во семејството со различно презиме низ смеа изјавила пејачката.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/miaborisavljevic

To top