Пејачката Тамара Тодевска веќе неколку години е редовно „заглавена“ во теретана и тоа затоа со личен тренер кој ја држи вод контрола и дисциплина да води здрав начин на живот и да билда имунитет и секако да го има телото кое го посакува.
Ако претходно имаше проблем со килограмите, денес Тамара гордо може да се пофали дека успеа да добие рамен стомак, па дури и со исцртани стомачни кои самоуверено ги покажува.
Понеколкугодишните напорни тренинзи, здравата исхрана и третманите во салони за убавина, пејачката се пофали дека постигнала одлични резултати.
Ја крена маичката и со насмевка од која се чита задоволство, го покажа резултатот.
Тамара се „цеди“ на најјако во теретана, а за трудот доби награда, лична сатисфактија и мотивација да продолжи со исто темпо на физичка активност и здрави навики.
фото:Инстаграм/Тамара Тодевска принтскрин