Велат дека кога на припадничките на понежниот пол им се случува нешто ново во животот, тогаш е вистинско време за промени и визуелно.
Нов имиџ, нова фризура, облека…
View this post on Instagram
Ако се водиме по ова непишано правило, на пејачката Александра Јанева дефинитивно и се случуваат новини, односно промени во животот, а сигурно е дека тоа е случај кога е во прашање нејзината музичка кариера, а можеби и приватно.
Александра работи со забрзано темпо на нови синглови и не чекаше да помине многу време откако на крајот на месец март ја објави песната „Глумиме“ за која како што откри се инспирирала откако добила навредлива порака од лажен профил.
Деновиве струмичанката која е позната по моќниот вокал повторно работи на нова песна, или на „Нови ветрови“. Новите ветрови очигледно толку силно допреле до неа што визиелно речиси тешко би ја препознале.
View this post on Instagram
За првпат толку храбра и самоуверена, со доза на провокација и сексапил позираше без градник само со палтото на себа, развеаната долга кадрава коса.
View this post on Instagram
Ова е новата секси Александра Јанева која како што најави со новиот проект во ново светло ќе ја гледаме и слушаме наскоро.
фото:Инстаграм/Александра Јанева