Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска преку видео порака се извини што го фрли македонското знаме за време на фотографирањето во Торино. Таа објаснува дека тоа било ненамерно и дека не сакала никого да навреди. Фотографите наводно побарале од нашата претставничка да ја фотографираат без знамето. Македонската делегација била далеку од сцената и немајќи каде, кому да го подаде, таа го фрлила знмето на подот.
Јавниот сервис пак откако и самиот ја повика да се извини, ја разгледува можноста и за повлекување на нашата претставничка на Евровизија.
Андреа во видео порака веднаш се извини за гестот и објасни дека тоа се случило ненамерно, без намера никого да навреди. Ова е нејзиното извинување: