Пејачката Рада Манојловиќ конечно се вдоми во Белград.
Пејачката од Четереж купила стан по 14 години станарски живот во главниот град. Како што дознава Информер.рс, фолк ѕвездата купила имот на Врачар вреден 180.000 евра.
– Рада со години работеше напорно секој викенд и штедеше додека не собра доволно пари за да живее во Белград. Таа со месеци ги обиколила становите и неодамна го пронашла идеалниот на Врачар. Таа дури добила и попуст од продавачот, кој признал дека и ја намалил цената затоа што е нејзин обожавател! Не знам точно колку успеала да заштеди, но знам дека на крајот платила 180.000 евра за тој стан – вели добро упатен извор и открива како изгледа новиот дом на Радa.
View this post on Instagram
– Станот има 70 квадрати, дневна и две спални соби и мала тераса. Целосно е уреден, па Рада не мораше да купува нов мебел. Таа живее во новиот дом со сестра ѝ Марија, а често ја посетува нејзиниот татко Раде од Четереж, како и нејзиното момче Харис Берковиќ.
Пејачката купила и две места во гаражата во зградата во која живее.
-Едниот гаражен простор е за Рада, а другиот е наменет за нејзините гости. Така често таму се паркира нејзиното момче Харис – вели изворот.
– Рада е прекрасен сосед! Секој пат љубезно одговара, разговара со нас, скромна е и убава. Ја гледаме во пекара, продавница… Забележавме дека нејзиниот „џип“ преку ден е секогаш паркиран во гаражата, а штом се стемни, тоа место е празно. Ја прашувавме каде оди секоја вечер, ни рече дека има многу тезги, па често патува – вели соседката на Рада и додава дека се уште не го запознала момчето на пејачката:
View this post on Instagram
– Ја гледаме нејзината сестра Марија, и таа е многу фина, а Харис уште не сме го виделе. Се надеваме дека наскоро ќе се пресели кај неа, тие се многу убав пар,вели сосетската.