Фолкерот Дарко Лазиќ (30), откако возел под дејство на алкохол и дрога и се снимал во автомобил како вози дете без појас, се појави во емисијата на Огњен Амиџиќ каде откри што се случило пред апсењето.
Ваквото однесување налути многумина, но и пејачката Љупка Стевиќ.
„Не знам какво зло го снашло, му треба добар ќотек, некој да го тепа, можеби родителите не го тепале доволно кога бил мал“, вели Љупка.
„Не знам како постојано му се случува такво нешто, за малку ќе останеше без глава… Жал ми е што е така“, додала пејачката.
фото:ТВ Курир/принтскрин/АТА имиџис