Поранешната ријалити победничка Ива Гргуриќ се пофали со своето тело во теретаната, а многумина не можат да поверуваат колку килограми има.
Ива е на ригорозна диета за која зборуваше и самата, па сега ги покажа своите вештини во теретаната. Гргуриќ „на шега“ креваше тегови и кратко рече: „45 кг“.
Сите веднаш го пофалија изгледот на Ива, особено задникот кој го стави во преден план носејќи виолетови хеланки. По тренингот Ива направи селфи.
„Се работи за автофагија, можам да јадам само еднаш дневно. Ослабев осум килограми за 12 дена. Имав 68 кг а вишокот беше највидлив во моите раце. Сега телото ми се промени, презадоволна сум!“ – изјави неодамна Ива и откри дека нејзината цел е да тежи 50 килограми.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/va_grguric_official