Радио Милева Мистерија

Протече снимка од сослушувањето на Болдвин откако ја усмрти својата колешка на снимање (видео)

Протече снимка од сослушувањето на Болдвин откако ја усмрти својата колешка на снимање (видео)

Канцеларијата на шерифот на Санта Фе во Њу Мексико објави низа документи во понеделникот до кои дошле во својата повеќемесечна истрага по инцидентот на 21-ви октомври, во кој беше ранет режисерот Џоел Соуза и убиена камерманката Халина Хачинс.

Документите вклучуваат снимки од контролните камери, видеозаписи од разговори со сведоците, фотографии од местото на настанот и извештај за случајот од 204 страници кој ја резимира истрагата.

Во едно од видеата кое ги објави „Los Angeles Times“ се гледа актерот Алек Болдвин како разговара на телефон со жена која „LA Times“ ја опишува како „човек од доверба“, додека чека да го испраша полицијата на Санта Фе на денот на инцидентот.

„Јас сум во полициска станица… се подготвуваат да ме интервјуираат. Како се сите дома? Како се децата?“, се слуша актерот на снимката.

Жената, која е на разглас, му се извинува на Болдвин за она низ кое проаѓа пред тој да одговори: „Не сакам повеќе да го работам ова, не сакам, не сакам да бидам јавна личност“.

Видеото е снимено пред полицајците да му соопштат дека Хачинс починала откако била пренесена во болница.

Во снимката со интервјуто со полицајците, актерот рекол дека нема поим како се нашол вистински куршум на сетот.

„Тоа би требало да биде безбеден пиштол. Ова за мене е мистерија, ме прави многу емотивен“, ѝ вели тој на полицијата во видеото.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, изјави дека различни компоненти на истрагата „останале нерешени“ и дека одделението сè уште бара анализа на телефонските податоци на Болдвин, пренесе „BBC“.

фото:принтскрин јутјуб

To top