Поп ѕвездата Бритни Спирс донесе важна одлука. Во својата најнова објава на својот Инстаграм профил, Бритни Спирс откри дека ќе одмори од социјалните мрежи. Пејачката веста ја објави на Инстаграм и напиша:
„Правам мала пауза од социјалните мрежи. Ви ја испраќам мојата љубов и господ да ве благослови сите“ – напиша Бритни во последната објава со едно видео со бебе кое носи очила за сонце и лежи во минијатурен салон.
View this post on Instagram
Пејачката на почетокот на месецов откри дека таа и вереникот Сем Асгари чекаат дете. „Купив тест за бременост и … трудна сум. Нема да излегувам многу“ – напиша таа претходно.
View this post on Instagram
Двојката се запознала на снимањето на спотот за нејзината песна „Slumber Party“ во 2016 година, а ова ќе биде нивно прво заедничко, а трето дете за пејачката. Додека Сем за татковството изјавил: „Toa е нешто на што отсекогаш се радував. Тоа е најважната работа што некогаш ќе ја работам.“
View this post on Instagram
„Заслужуваш среќа“. „Ќе бидете одлични родители“ – напишале фановите на Бритни .
Фото: Принтскрин/Инстаграм/britneyspears