Радио Милева „Моја плава“

Антониа Гиговска се пофали колку е блиска со Наташа Беквалац – „Ти благодарам за сè“ (фото)

Антониа Гиговска се пофали колку е блиска со Наташа Беквалац – „Ти благодарам за сè“ (фото)

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска стана позната преку регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.

Оттогаш поминаа години, Антониа пред се порасна, доста се промени, гради успешна кариера не само во Македонија, туку и во Србија, токму оттаму од каде и почна.

Песните кои ги промовира се на македонски, но и на српски јазик, а доста често е во Белград каде гостува во емисии и создава нови музички пријателска и соработки, а ги негува и постоечките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Едно од тие пријателства е со познатата српска пејачка Наташа Беквалац. Дека се блиски и имаат јака поврзаност, Антониа се пофали нна својот Инстаграм со фотографија за која напиша:

-„Моја плава! Ти благодарам на се’ моја Ната, секогаш ме поддржуваше и искрено ме сакаше и прегрнуваше. Сакам!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Прегрнати, насмеани,стиснати една до друга, двете русокоси ќе останат само на поддршка и пријателство или ќе направат и некоја музичка соработка, ќе покаже времето.

To top