Радио Милева Гордост на мама и тато

Луксузно и како во бајка: Симона Поповска го прослави првиот роденден на синчето Никола (фото)

Луксузно и како во бајка: Симона Поповска го прослави првиот роденден на синчето Никола (фото)

Поп-пејачката и дерматолог, Симона Пововска и нејзиниот сопруг Крис имаа посебен повод за славење кој ги направи особено среќни и горди.

Имено, тие во еден луксузен скопски хотел направија роденденска прослава за првиот роденден на нивното синче Никола.

Повеќето родители првиот роденден на децата го слават најпомпезно, а таков беше случајот и со Симона и Крис.

Во хотелската сала се беше украсено со многу балони и мечиња, а таква беше и тортата за малиот славеник – се’ во знакот на плишаното мече кое веројатно му е омилената играчка.

Мама и овој пат беше резервирана да објави заедничка семејна фотографија, но затоа пак го покажа амбиентот и декорацијата.

Меѓу гостите се најде и радио водителот Димитар Атанасовски заедно со ќеркичката кој исто така го сподели јавно овој момент и честиташе на малиот славеник.

Инаку, Симона неодамна го прослави и својоот 30-ти роденден, но кога е во прашање нејзиниот наследник, мама е строго резервирана за запознавање со јавноста преку медиумите.

Принципите засега се такви, а за понатаму ќе видиме.

Среќен роденден!

To top