Радио Милева бестијална или хумана?

Карлеуша за Велигден како разголена зајачица со важна порака: Дивата во свој стил го слави најголемиот христијански празник (ФОТО+ВИДЕО)

Карлеуша за Велигден како разголена зајачица со важна порака: Дивата во свој стил го слави најголемиот христијански празник (ФОТО+ВИДЕО)

Домот на Јелена Карлеуша е оаза на убавината секој Велигден, бидејќи Јелена  иако е атеист, сака да ја подготви најубавата бајка за своите девојчиња за најголемиот христијански празник.

Но, како и минатата година, се чини дека и овој Велигден  Душко Тошиќ ќе го помине надвор од домот.

Јелена по се изгледа не го почувствува отсуството на нејзиниот сопруг, па подготви еротски празничен момент за паметење на нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Русокосата во свој стил позираше речиси гола во минијатурно розово бикини во својот двор со голема маска на симболично велигденско зајаче.

Покрај оригиналните фотографии на пејачката, за кои едни ја осудија и речиси „разапнаа“ за нејзиното, според нив  бесрамно, бизарно и бестијално однесување на најтешкиот и најтажен ден – Велики Петок и Исусовото распнување на крстот, додека други и се воодушевуваа на храброста и луцидноста, таа сподели важна порака за сите:

„Покажете милост кон животните за овој Велигден, особено ако тврдите дека сте верници, добри луѓе и ги сакате животните! Во името на Бога во кого верувате, ништо не смее да се убие. Верата е љубов, верата е милост и простување, верата е нова надеж А НЕ УБИЕНО ЖИВОТНО ВО ЧИНИЈА.

На оваа планета која и сила да ја создала,  сите имаат право на живот“ – напишала Јелена во хуманата порака  во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

To top