Радио Милева мајкина...

Многумина остануваат стаписани кога ќе дознаат колку е висока Марија Килибарда: Водителката може да им „јаде бурек од глава“ на многумина, особено на тој што ја откри (ФОТО)

Многумина остануваат стаписани кога ќе дознаат колку е висока Марија Килибарда: Водителката може да им „јаде бурек од глава“ на многумина, особено на тој што ја откри (ФОТО)

Црнката убавица  Марија Килибарда, позната по височината и исклучителната смисла за хумор, е родена во Белград на 29 август 1980 година и долго време е позната како една од најубавите и најзгодните водителки во Србија.


Освен љубов и уживање, работата на водителката и овозможи да го стекне својот најдобар пријател Иван Ивановиќ.

Разликата во височината на овие двајца постојано се коментираше, бидејќи Иван важи за низок маж, а Марија за висока жена.

Како што многупати има кажано, себеси не се смета за џин, туку вели дека луѓето околу неа се ниски. Во прилог на тоа говори и фактот што често носи чевли со високи потпетици.

Нејзините родители се витални и згодни луѓе, па генетиката е делумно одговорна за нејзиниот изглед, а делумно и вежбањето.

Инаку, Марија е висока 182 см, а неодамна на своите следбеници на социјалните мрежи им откри нешто интересно.

Марија неодамна објави фотографија со нејзината мајка Жанета и сестрите Јована и Оливера, кои исто така спаѓаат меѓу високите убавици.

„Просек  – 180. Мајкини“ – напиша водителката со заедничка фотографија на Инстаграм.

Фото: Инстаграм принтскрин/kilimara

To top