Водителката и новинарката Анастасија Деа Богдановска наскоро по ќе стане мајка.
Таа е во последниот месец од бременоста, а штркот само што не слетал и го донел новиот челено во семејството.
Откако, Анастасија и сопругот Богдан Илиевскиили попознат како Бетмен ја добија ќерката Дениција, сега повторно ќе ја доживеат најголемата радост.
Водителката ужива во бременоста, а на социјалните мрежи често знае да сподели по некоја фотографија и да напише емотивна, моќна порака.
Трудничкото стомаче стигна до максимум, а Деа е во 9-от месец од бременоста и секој мемент го чекаат големиот ден.
Таа во кусите приказни на „Фејсбук“ објави фотографија на која позира за спомен пред породување.
За потсетување, во јули 2021 Дениција наполни една година, а Анастасија и Богдан направија свадбена прослава.