Таа денес важи за една од најубавите девојки на домашната естрада. Некои тврдат дека таа е уште поубава од нејзината мајка. Анастасија не изгледала секогаш како денес. Таа имаше малку поинаков нос и усни.
Анастасија Ражнатовиќ неодамна зборуваше за тоа колку користи фотошоп, а во емисијата „Сценарио“ призна што ја прави несигурна.
Без двоумење го признала тоа што естетски го поправила и рекла дека не се тоа ниту јаболчниците ни ботоксот в усните. Најмногу и пречел обликот на носот!
„На интернет кружи мојата слика на која имав 13 години и имам речиси 80 килограми, се шминкав и потоа велат дека сум го оперирала. На таа слика носот ми е од овде до Батајница. Но, признавам, не бев задоволна од носот и го оперирав. Но, само еднаш. Поради него бев несигурна“ – изјавила Анастасија во споменатата емисија, а како изгледала Анастасија пред операциите на споменатата фотографија, погледнете подолу: