Радио Милева Наша, а како да е светска...

„Ситна“ ама динамитна: Ања Ветерова како Бијонсе на Беркли (видео)

„Ситна“ ама динамитна: Ања Ветерова како Бијонсе на Беркли (видео)

Летовите преку „големата бара“ до Балканот и станаа секојдневие на македонската пејачка Ања Ветерова.

Неодамна беше во Белград каде ја промовираше новата песна на српски јазик „За петама“, а сега веќе е во Бостон на престижниот Беркли каде студира музика.

Деновите тамошните студенти го имаа своето завршно шоу на колеџот, а улогата на Ања беше Бијонсе на нејзин начин, како вокално, така и визуелно.

Периодов таа објавуваше доста фотографии од пробите преку кои информираше дека се подготвува шоу каде таа настапи со песни и сценска короеографија од светски познатата музичка ѕвезда.

Во концертниот костим нашата Ања изгледа мошне секси и заводливо, а за истиот се заблагодари на дизајнерот кој го изработил за неа.

Иако е поситна во облините од Бијонсе, наша Ања доволно бујна, разиграна и подговтвена… Или што би рекле: „Ситна“ ама динамитна, таа целосно влезе во улогата на светската ар ен би дива! И на концертната премиерата и на нејзината реприза!

Со Berklee  Beyonce Ensemble таа пред неколку дена (15.04.2022) го имаше свечениот настап, каде го презентираа она што го имаа сработено во изминатиот период, и токму тој настап го проследи и мајката на Бијонсе. За ова Ања ги извести своите следбеници на Инстаграм, не криејќи дека ова за неа е остварување на сон.

„Ова е буквално остварување на мојот сон. Мајката на кралицата го гледа мојот настап. Ви благодарам г-ѓо Тина“ – напиша Ања покрај видеото на кое се гледа реакцијата на мајката на Бијонсе за настапот на македнската пејачка.

фото:Инстаграм/ања ветерова

To top