Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“ , Ребека Јанковска-Ристески беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ кај водителката Елена Стефановска.
Ребека зборуваше на теми од приватноста, пред се околу мајчинската грижа и посветеност кон нејзините три синови, но евоцираше и спомени од својата музичка кариера, револуционерните спотови и уникатниот сценски моден пристап.
-Сето она што го правев беше со многу љубов и ентузијазам, едноставно човек кога во нешто ќе се пронајде нели дури не забележува дека тоа го прави. Така сум размислувала, сум имала добар тим околу себе и работите се случувале многу едноставно затоа што тоа било направено со многу љубов, вели Ребека.
Во тоа време соработуваше со многу луѓе од Македонија и Србија, а особено ги памети соработките со дел од македонските модни дизајнери.
Откри и дека познтиот дизајнер Александар Ношпал го изработил корсетот кој го нослела на нејзината свадба.
Ребека вели дека освен спомените чува и дел од сценската облека која делумно завршила во наследство кај нејзината внука Кјара, односно ќерката на нејината сестра Хелена Роза.
-Се’ чувам,некои работи ги дадов на мојата внука Кјара“.
Немам ќерка, можеби ќе одат и кај некоја снашка, тоа се безвременски парчиња, додава Ребека која со задоволство зборуваше за времето од својата музичка кариера, а исто така со задоволство се појави пред камерите во емисија од модно-забавен карактер.
фото:Инстаграм/Ребека Јановска/принтскрин Јутјуб/принтсктин ТВ Канал 5