Минатата година многу македонски јавни личности се остварија во улогата на родители. Почнувајќи од Даниел Кајмакоски, Милена Антовска, Димитар Андоновски, Сања Сани Апостоловска до Туна Сејдиу.
Минатата година на 2 мај, албанската пејачка Туна Сејди и нејзиниот избраник Патрис Бериша станаа родители на синот Тиан.
фото: принтскрин/инстаграм
А вчера малиот Тиан наполни една година од неговото раѓање. Туна на својот Инстаграм профил сподели заедничка фотографија со сопругот и синот, а во описот на фотографијата напиша:
„Една година уживање и среќа“, напиша пејачката.
А сите тројца во зелени комбинации изгледаат како од бајка.