Промотер

„Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО)

„Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО)

Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна.

За преработката на старата македонска песна „Кога падна на Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија уште еден филмски спот со кој ги воодушевија фановите.

Преработка на песната „Кога падна на Пирина“,  вчера, 13-ти април, беше промовирана заедно со  видеоспотот за неа.

Старата македонска песна ја опејува смртта на војводата и македонски револуционер Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како еден вид краток филм за овој историски настан.

Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите го сметаат за уште едно вистинско, мало музичко-филмско ремек-дело.

„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“ – рекоа Мартин и Стефан на промоцијата.

За аранжманот на песната се погрижи маестралниот Николче Мицевски, а режисер на видеото е Огнен Шапковски, додека изработката на спотот го потпишува „Мелем продукција“.

Комплетната екипа која учествувала во неговата реализација е потпишана под видеото кое можете да го погледнете во продолжение:

To top