„Ѕвездите на Гранд“ се нешто кое ќе го паметам цел мој живот… Прекрасно искуство и прекрасни спомени!“ – вели Огнен Здравковски во изјава за „Женски магазин“.
Токму во тие искуства и спомени се и пријателствата кои ги создаде додека беше на таа сцена, а некои од нив треаат се уште. Едно од тие блиски пријателства е она со второпласираниот од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ – Исак Шабановиќ.
View this post on Instagram
Големиот фаворит на бројната публика на „Гранд“ дојде во Скопје и тоа во посета кај Огнен и неговото семејство. Како вистински домаќини, гостопримливи, насмеани, со подготвена трпеза го пречекаа Исак, а моментот го овековечија со фотографија за спомен.
Насмеани и сигурно богати со многу теми за разговор, особени оние музичките, направија дружба, но и уште поцврсто пријателство кое сега се прошири и со останатите членови од семејството Здравковски.
За потсетување, Исак Шабановиќ со песната „Стипу гатибо“ направи вистински спектакл во музичкото натпреварување на Ѕвездата на Гранд, а благодарение на оваа песна преку ноќ стана една од фаворитите и доби на популарност.
View this post on Instagram
Со својот настап ја расплака Јелена Карлеуша и со својот глас ги крена на нозе сите останати од жирито.
Исак учествуваше и на натпреварите „Икс фактор“ и „Лет кон ѕвездите“.
Нашиот Огнен пак претендира да биде поприсутен на српскиот музички пазар и неодамна ја промовираше неговата најнова песна насловена „Душа“ на која работеше со српски соработници.
фото:фејсбук/инстаграм/огнен здравковски/исак шабановиќ