Пејачката Катарина Остојиќ неодамна се пофали со нејзината ќерка Николина и тоа со полно право. За овие две убавици сите би помислиле дека се сестри, и не мајка и ќерка.
Пејачката ќерката Николина ја доби од бракот со Никола Драгојловиќ, а по разводот на двојката, девојчето растеше со помош и поддршка на родителите на катарина, како и самат што посочи на неколку пати.
15-годишната Николина оди на училиште во Брисел, каде Каја во моментов живее со сопругот, италијанскиот хаус продуцент и ДЈ – Џуниор Џек. И оваа млада дама е заинтересирана за музиката и не е премногу луда по излегувањето, како што обично е случај со нејзините врсници.
Посветена е на нејзиниот моден блог и е вистинска трендсетерка, како и нејзината мајка, и редовно објавува фотографии од нејзините модни комбинации на социјални мрежи.
Инаку, на една неодамнешна фотографија објавена од Каја, сите забележаа дека таа е „слика и прилика“ на нејзината мајка и дека гените очигледно го направиле своето.
“Можеби веќе не е бебе, но се’ уште е непослушна и размазена” – се пошегува пејачката на сметка на нејзината ќерка.
Коментарите пак на нејзините пријатели беа сосема спротивни.