Радио Милева фатално привлечна

Лидија Вукичевиќ се соблече, па покажа дека изгледа како девојче: „Чекајќи го министерот“, самата себе си најдобро си угодува (ФОТО)

Лидија Вукичевиќ се соблече, па покажа дека изгледа како девојче: „Чекајќи го министерот“, самата себе си најдобро си угодува (ФОТО)

Во Центарот за култура – Битола а во рамки на голема турнеја низ Македонија гостуваше претставата „Чекајќи го министерот“. Главната улога ја толкуваше познатата Лидија Вукичевиќ а покрај неа играат Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

Покрај македонскиот актер во претставата, екипата на претставата се потруди сценариото да го адаптира на публиката. Па Лидија која игра келнерка што има желба да стане пејачка, во претставата ги пееше „Македонско девојче“ и „Елено, ќерко Елено“. А покрај неколкуте отпеани песни во репликите се најде и популарниот стих „Уметница мора бити здрава“ од евровизиската песна на Констракта.

 

После изведбите во Штип, Охрид и Битола, претставата следно гостува во Кичево (11.04), Пробиштип (12.04), Куманово (13.04), Кавадраци (14.04) и Велес (15.04).

Меѓу две претстави, атрактивната српска актерка реши да си даде оддишка на душата, па го расоблече телото и во бикини го помина ионака тмурниот и дождлив ден покрај  затворениот базен во рамките на хотелскиот спа центар.

Црно мини бикини и неколку провокативни пози со кои сексапилната глумица покажа дека иако е влезена во шестата деценија се’ уште изгледа како млада девојка.

Патем, сексапилот со кој зрачи создава таков еротски набој што ретко кој може да и одолее на нејзината фатална привлечност, иако Лидија упорно тврди дека и понатаму е соло…

И сама себе си најдобро си угодува… „Чекајќи го министерот“!

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски/ Инстаграм принтскрин/

 

 

To top