Радио Милева каков дедо, таков внук - по име...

Внукот на Ѓорѓе Иванов ќе го носи името на својот дедо: „Да е здрав и жив Ѓорѓи Иванов – Јуниор“ (ФОТО)

Внукот на Ѓорѓе Иванов ќе го носи името на својот дедо: „Да е здрав и жив Ѓорѓи Иванов – Јуниор“  (ФОТО)

Синот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, Иван и неговата сопруга Јана во понеделникот добија принова. Тие го пречекаа нивното прво чедо, синчето кој е причина за големa радост во семејствата Иванови и Кочови.

Музичарот Владимир Василевски – Четкар на своите Инстаграм приказни сподели фотографија од друштвото, меѓу кои и бившиот претседател Иванов и неговиот син, новопечениот татко Иван Иванов, кои го славеа доаѓањето на свет на малечкиот. Очигледно е дека атмосферата била весела, а пријтелите се радуваат и наздравуваат за приновата.

 

 

„За многу години денов! Да е здрав и жив Ѓорѓи Иванов Јуниор“ – напишал Четкар на фотографијата откривајќи ни го името на новороденчето.

Со тоа дефинитивно јавно се обзнани дека внукот на Ѓорѓе Иванов ќе го носи името на својот дедо.

Нека му е со среќа и нему и на семејството!

To top