Промотер

„Code 369“ ги пуштија да летаат нивните музички – „Пеперутки“ (ВИДЕО)

„Code 369“ ги пуштија да летаат нивните музички – „Пеперутки“ (ВИДЕО)

Битолската група „Code 369“ го промовира ше видеото за песната „Butterflies“. Како што им ветија на своите фанови, многу музички изненадувања им подготвуваат овој период.  Изминатиов период деновите ги поминуваа во студио, снимајќи го новиот материјал. Видео записот е снимен на сцената во Центарот за култура Битола, а автор на видеото е Дејан Трајчевски од Encore media продукција.

Песната е снимена и продуцирана од Даниел Митревски во Studio Atelier, мастеринг – Славко Ристевски, Prosound Production Studio.

-„Пеперутки“ е сага и инспирација за секој уметник кој сака да биде слободен, да создава и да ја сподели својата креативна моќ за доброто на сите. Во време на  сериозни закани за општеството и човештвото воопшто, уметноста како да го изгубила своето значење и ако не е излишна, тогаш се игнорира. Ако има нешто што навистина ги поврзува сите луѓе, тоа е уметноста“ – велат членовите на бендот кој настана со распаѓањето на некогашните „Памперс“.

Во „Код 369″ постои две години и во него членуваат Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас-гитара, клавијатури).
Оваа песна  е првото официјално видео од албумот „Stages of love“, кој „Code 369“ ќе го промовираат наскоро.

Битолчаните после промоцијата на видео записот „Пеперутки”, настапија во Скопје, во МКЦ.

„Оваа сезона планираме концерти, работа на новите материјали и секако издавање на албумот, концертот во Скопје е само почеток на сето тоа”, истакнаа од Код 369“, а нивните „Пеперутки“ проследете ги во видеото во продолжение.

To top