Некогашната македонска поп пејачка, сега дипломирана оперска певица Тамара Ангеловска, ќе глуми во уште една нова бугарска серија. Тааа доби нова улога во новото ТВ остварување во серијата „Браќа“!
Тамара стана позната откако се пробиваше на домашните и меѓународните фестивали од каде носеше и награди.
Подоцна се пресели во Софија – Бугарија, каде и се посвети на класичната музичка наобразба и минатата година стана дипломирана оперска певица на „Новиот бугарски универзитет“!
Но, пошироката јавност во Бугарија, а и во Македонија, ја запозна и како актерка.
Имено, нејзиниот харизматичен лик и талент за уметност го препознаа продуцентите на познатата, на популарната бугарска ТВ серија – „Украден живот“ која се емитуваше и кај нас на ТВ „Алфа“, во која дипломираната оперска певица, заврши како глумица и ја доби улогата на бремената Тања.
Во меѓувреме или нешто малку пред тоа, младата македонска оперска уметница својот актерски талент ќе го покаже и на „штиците што живот значат“, откако же заигра во неколку претстави на универзитетскиот театар на „Новиот бугарски универзитет“.
Сето ова ќе придонесе младата поп-пејачка, оперска певица и актерка да добие нова улога во нјновото ТВ остварување во Бугарија, серијата „Браќа“.
View this post on Instagram
„За мене е вистинско задоволство да бидам мало парче од овој прекрасен и голем мозаик “Братя”. Македонијо, гледајте и вие „Браќа“ Многу се јаки!“ – напиша Тамара на својот Фејсбук и Инстаграм профил, промовирајќи го почетокот на серијата и себе си во една од улогите во истата.
Дали новата улога и евентуалниот успех на асеријата ќе придонесе Тамара конечно да ја детерминира во професионална актерка, а таа да се определи само за една професија, допрва ќе видиме. Сепак, во која професија ќе биде најуспешна и дали ќе стане запаметена како актерка, флејтистка или оперска певица, времето ќе покаже!?
Во меѓувреме, оние кои имаат можност нека ја погледнат бугарската серија „Браќа“ и Тамара Ангеловска во една од улогите во неа!
Фото: Фејсбук и Инстарам принтскрин/tamaraangelovska