Промотер

Шафран – „Знам дека ти се допаѓам” (ВИДЕО)

Шафран – „Знам дека ти се допаѓам” (ВИДЕО)

„Шафран“ е името на новиот македонски електронски бенд, кој создава модерна електронска поп музика .

Основачи се Тони Стефковски и Кирил Трајковски, а кои се обидуваат да го достигнат врвот на ваквиот тип на музика која се изведува во клубовите ширум земјата и светот.

Почетокот на овој проект започна летото 2017 година кога е снимена првата песна на „Шафран“ со наслов „Знам дека ти се допаѓам”.

За музиката и аранжманот е задолжен Тони Стевковски, а за текстот и изведбата актерот Кирил Трајковски – Максим. Придружните вокали ги пее Јанка Лефкова, снимател бил Димитар Маневски, додека мастероингот го направил Ричард Адисон. Визуелизацијата е на Иван Ѓорѓиевски, а песната е пуштена и се врти на радио станиците низ Македонија.

To top