Радио Милева штркот долета...

Принова во семејството на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов – синот Иван и снаата Јана станаа родители: „Добредојде на овој свет, принцу“!

Принова во семејството на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов – синот Иван и снаата Јана станаа родители: „Добредојде на овој свет, принцу“!

Синот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, Иван и неговата сопруга Јана станаа за прв пат родители.

Младиот пар доби машко чедо, а убавата вест на социјалните мрежи ја споделија и двајцата родители.

Честитките и пораките за срдечно добредојде на овој свет на малиот принц пристигаат од сите страни и лично и на социјалните мрежи од најблиските од обете семејства…

…Како и од роднините, другарите, пријателите, колегите…

Инаку, сега веќе новопечените родители стапија во брак во месец февруари 2022.  Уште на свадбената веселба се виде дека стомачето на невестата наликува на трудничко, откако претходно изминатата година среќната двојка направи и веридба.

Засега името на малечкиот наследник остана тајна за пошироката јавност, која љубопитно очекува дали младите родители можеби ќе се одлучат  во духот на старата традиција синот да го крстат по името на познатиот дедо по татко или веќе одбрале некое име по свој избор во договор со кумот?

Како и да е – честитки и  нека им е жива и здрава приновата!

Фото: Фејсбк и Инстаграм принтскрин/ivanovmk

 

To top