На 15-ти Април со почеток во 20ч., во Националната Филхармонија , ќе се случи долго очекуваниот и најавуван настан на Зарина Првасевда каде таа ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО” кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records, која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.
Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани а отпеани на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.
Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски , Дејан Цветковски , Драган Теодосиев, Благојче Трајковски , Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир . Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и „Перија“, како и други нејзини пријатели и колеги.
Продажбата на билетите започна од 04.04.2022 и истите ќе можете да ги набавите онлајн на овој линк Зарина Првасевда & ансамблот – „Ехо” – karti.com.mk како и во сите продажни места на karti.com.mk или на денот на концертот на врата во Националната Филхармонија.