Легендарниот музичар повеќе не чувствува потреба да слави роденден со раскошни забави. По повод претстојниот фестивал „Балкан Трафик“ Бреговиќ го прокоментира пријателството со Северина Вучковиќ, но и каква музика слушаат неговите ќерки. Вели дека неговите ќерки Ема, Уна, Лула и Жељка слушаат новокомпонирана музика.
Роденденот му го честиала Северина а тој и напишал дека има само малку подобар ручек, ништо посебно, бидејќи не го слави како да е 18-ти.
За Северина прокоментирал: “Долго време ја сакав! Таа е добра, фина девојка! Јас и продуцирав една плоча која најверојатно ќе ја запише во нејзината биографија и од тоа нема да се срами. Но, мило ми е што работи со помлади композитори. Јас не знам како да го правам тоа.
„Денес децата слушаат “селаштина“ како што викаат моите ќерки, и се’ останато. Па помеѓу „селанштината“ и хип-хопот слушаат сè. Кога сакаш да се забавуваш, тогаш го слушаш тоа, претпоставувам дека нема да ја слушаат Бијонсе на забавата“.
фото: принтскрин/инстаграм/goran_bregovic_official/severina