Радио Милева вечен паметник

Шабан Шаулиќ ќе добие споменик во Шабац, а по тој повод неговиот колега и роднина вели: „Легендата заслужува и улица во Белград“!

Шабан Шаулиќ ќе добие споменик во Шабац, а по тој повод неговиот колега и роднина вели: „Легендата заслужува и улица во Белград“!

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа во Германија.

Шаулиќ остави голем музички белег, а во негов спомен во Шабац  ќе се гради  споменик.

Неговиот роднина, пејач  Хасан Дудиќ изјави:

„Јас бев меѓу првите што ја поднесов иницијативата тој да добие споменик, а тоа е најмалку што заслужува. Исто така, се залагам да добие и улица во Белград“, па истакна дека најтежок момент  ќе му биде  кога споменикот ќе биде завршен и кога ќе  ја здогледа бистата.

„Споменикот ќе живее вечно како и песните и никогаш нема да биде заборавен. Неговите песни уште се пеат со истиот жар. Секогаш кога и да  одам во Шабац се’ ме потсетува на него. Таму живевме, но повеќе бевме во Белград. И тој сакаше да оди таму, како и сите други, го привлекува родното место, но последниве години таму многу работи тргнаа наопаку“   – изјави Дудиќ.

Да потсетиме, три години по сообраќајната несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди,во Гитерсло се одржа судењето на  Алсин Левент. Алсин, кој ја предизвика несреќата, е осуден на само три години и три месеци затвор.

 

 

To top