Промотер

„SAP Brothers“ имаат нова песна, насловена со три пати од првата буква од азбуката – „ААА“ (ВИДЕО)

„SAP Brothers“ имаат нова песна, насловена со три пати од првата буква од азбуката – „ААА“ (ВИДЕО)

Браќата Сапламаеви познати и како SAP Brothers ја промовираа својата најнова песна  необично насловена – „AAA“! По „Шизни си“ и „Љубов си ти“ ова е нивно трто музичко и видео оставрување  за кое музиката, текстот и аранжманот го направиле самите „SAP Brothers“. Аудиото покрај нив го потпишуваат  Ѓорги Вацев и Коста Хаџикојчев, а видеото  Vacev Photography & Videography.


Придружните вокали во песната ги пеле Марина Јаневска, Коста Хаџикојчев, додека како  folеy artist во темата „ААА“ се јавува Ристо Алчинов.

„Убави луѓе, нашата нова песна и видео се пуштени во етер!
После 7135917 кадри, шминки и незгодни ситуации, браќата сакаат да ви пренесат една единствена порака – без разлика каква е, енергијата се шири многу брзо и насекаде. Затоа, потрудете се да биде позитивна!


Уживајте и споделете го ова видео ако ви се допаѓа. Споделете го и ако не ви се допаѓа, не дека можеме нешто да направиме околу тоа. Огромна благодарност до сите кои учествуваа во снимањето и сите кои нè поддржуваат“ – напишале браќата во својата фејсбук порака споделувајќи го видеото во јавноста.

Проследете ја темата „ААА“ и видеото за неља во продолжение:

To top