Еден од најбараните модели на денешницата Бела Хадид, неколку дена помина во Мајами со пријателите. Во атрактивни костуми за капење, во провокативни пози таа ја покажа целата убавина на нејзината фигура и го истури сиот свој сексапил на жешкото сонце.
Првиот ден таа носеше минијатурно бикини во месо боја, костим кој речиси беше невидлив на нејзиното тело.
Потоа се качи на јахта, заводливо позирајќи им на насобраните папараци, кои најмногу ја фотографираа нејзината секси задница.
Вториот ден таа се обиде да биде уште позаводлива.
За денот поминат крај базенот, Бела одлучи да носи минијатурен сив бикини.
За разлика од некогаш популарните бикини со низок струк, во последно време во мода се костими за капење со висок струк, кои визуелно ги прват нозете подолги, бикини кои славниот модел напросто ги обожува.