Радио Милева

Ќерката на Алек Болдвин за менталното здравје: „Кафето ми е непријател – седам, плачам и повраќам“

Ќерката на Алек Болдвин за менталното здравје: „Кафето ми е непријател – седам, плачам и повраќам“

Ајрленд Болдвин пред неколку денови објавила фотографија на која се гледа како лежи на пoдот од тоалетот, а за таквата своја состојба го обвинува кафето.

„Време е за напад на анксиозноста. Утрово испив една шолја кафе на празен желудник и тоа се претвори во напад на тегоби. Ова моментално го пишувам додека седам на подот од тоалетот. Вообичаено седам тука или лежам во положба на фетус сè додека не можам да плачам или пак повратам. Кафето за мене е главниот поттикнувач кој ме доведува до ваквите проблеми и до тегоби. Доколку патите од анксиозност како мене, кафето ви е непријател“, напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandbasingerbaldwin)

Таа открила дека кафето и е од помош во соочувањето со вистинските проблеми:

„Веројатно се прашувате зошто воопшто се напив кафе? Па, тоа е затоа што сум глупава. Ми помага додека ви пишувам за мојата борба, а доколку имате слично искуство, слободно споделете го со мене“, напишала таа.

Да ве потсетиме, Ајрленд тргнала по стапките на својот татко, па покрај актерството и уметноста, таа се обидела и во светот на манекенството со оглед на нејзината несекојдневна убавина.

Таа претходно не била во добри односи со Болдвин, но со текот на времето успеале да ги решат несогласувањата.

фото:инстаграм/irelandbasingerbaldwin

To top