Радио Милева „Таа нема ниво“

Брутални реакции на јавноста за тоа како се облекла ќерката на Мадона (фото)

Брутални реакции на јавноста за тоа како се облекла ќерката на Мадона (фото)

Ким Кардашијан отворила нова продавница за костими за капење од нејзиниот бренд SKIMS, во Мајами, и по тој повод собрала голем број славни личности.

Меѓу оние кои присуствувале на отворањето и забавата во организација на најпознатата ријалити ѕвезда се нашла токму Лурдес, ќерката на Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA 🌷🖤🇧🇷 (@lolasthink)

25-годишната убавица, која веќе некое време се занимава со моделинг и соработува со најценетите модни куќи, била одлично расположена и постојано зборувала со Ким и одлично си поминала, но тешко дека била толку насмеана кога ги прочитала коментарите на социјалните мрежи за тоа како изгледала.

Лурдес за оваа прилика избрала многу провокативен стајлинг – кусо виолетово мини-здолниште со метален сјај што е навлечено настрана и краток розов корсет без прерамки кој го открива стомакот. Го комбинирала со светкави розови папучи со потпетици, а шминката ѝ била во црвени тонови.

„Буквално изгледа како улична проститутка“, „Не претерувам кога велам дека можела да продолжи под мост“, „Секоја чест за неа, се облекува попросто и од нејзината мајка“, „Ако твојот аутфит прави Ким Кардашијан да изгледа облечено со вкус, жал ми е, девојко, но каде грешиш?!“, „Ова е синоним за невкус и простаклук“, „Баш шокантно што ќерката на Мадона нема никакво ниво“, се дел од реакциите на читателите на Дејли мејл.

фото:инстаграм/lolasthink

To top