Минатиот четврток поп-пејачката Тамара Тодевска по подолго време заедно со својот бенд одржа наспап пред преполниот скопски ноќен клуб „Станица 26“.
За овој повод таа се појави во специјално издание од црн топ кој го откри стомакот и широко здолниште, а видлива беше и новата фризура која се решила да ја скрати и да направи промена на себе.
View this post on Instagram
Оние што биле на нејзиниот настап сигурно си поминале одлично, додека за останатите што не ја почувствуваа и видоа атмосферата, Тамара објави низа од фотографии на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Сакаше да покаже дека срцето и било полно во нејзиниот омилен ноќен клуб, заедно со нејзиниот бенд и пред нејзината публика.
View this post on Instagram
Веќе извесен период Тамара е посветена на здравиот начин на живот и слабеењето до донесување на фигурата до посакуваната линија, до што очигледно успеала да дојде.
View this post on Instagram
Со новата фигура и новата фризура публиката ја виде и слушна новата Тамара, но добро познатиот вокал разбирливо остана познат за слушање.
фото:инстаграм/тамара тодевска