Во третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, се појави помошничката Исаура која стана голема љубов на рецепционерот Талат, но за брзо време таа си замина од пансионот со својот Лоренцо.
Но,судбината,односно сценариото повторно ја донесе и во наредните сезони на популарниот македонски ситком.
Во серијата има доста комични сцени со Исаура актерката Емра Куртишова, а особено е препознатлива и по својот атрактивен изглед како помошничка во „Преспав“.
View this post on Instagram
Иако вели дека преиватно не многу ги сака социјалните мрежи, периодов знае да објави по некоја фотографија, а моѓу последните позира во провокативна поза облечена во тесни фармерки и со прекрстени нозе.
Дека е згодна е евидентно, а го носи шармот во себе и кога позира како фотомодел.
„Нешто ново“- пишува Емра во описот, веројатно навестувајќи дека работи на некој рекламен проект во кој ќе ја видиме наскоро.
View this post on Instagram
Инаку, улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика.
За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…
View this post on Instagram
Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца.
фото:Инстаграм/емра куртишова/сашко стојановски/иван наунов