Сопругот на музичката ѕвезда Келис, Мајк Мора, почина по борба со рак на желудникот, кој беше во четврта фаза.
Фотографот Мајк Мора почина на 37-годишна возраст. Во септември 2021 година, беше откриено дека ракот на желудникот навлегол во четвртата фаза и дека лекарите процениле дека му остануваат уште 18 месеци живот.
Келис ја потврди тажната вест, а нејзиниот тим на менаџери побара од јавноста и медиумите да не ја вознемируваат пејачката за време на процесот на тагување.
„За жал, тоа е вистина. Мајк Мора почина. Ве молиме почитувајте ја приватноста и тагата на Келис и нејзиното семејство. Ви благодариме“, се вели во соопштението.
Келис и Мајк го кажаа судбоносното „да“ во 2014 година. Во бракот, тие во септември 202 година ги добија синот Шепард и ќерката, чие име е непознато за јавноста.
Пејачката и нејзиниот сопруг не зборуваа јавно за неговата дијагноза и до каде напредувала болеста.
“Мислев дека имам чир на желудникот. Немав поим што ќе се случи со мене. Еве ме, во болнички кревет среде пандемија. Многу пати сум слушнал дека животот е краток. Тоа е вистина“, напиша Мајк минатата година на Инстаграм.
Келис стана позната на музичката сцена во 1999 година и има хитови како „Milkshake“ и „Trick Me“, како и популарниот албум „Flash Tone“.
фото:профимедиа/инстаграм