По пауза од речиси една и пол година, македонскиот поп-рок бенд „Водолија“ предводен од гитаристот и автор Ристо Апостолов има нова песна. Песната е насловена „Страст“, а комплетен автор на истата ( музика, текст, аранжман) е гитаристот и лидер на бендот, Ристо Апостолов.
Песната е визуелизирана со лирик видео, за чиј графички дизајн се погрижила академскиот уметник Натали Николовска.
Музички „Водолија“ останале верни на стариот добар поп-рок звук од 80-ите и 90-те, во кој доминира чистиот гитарски „У2“ звук поткрепен со едноставната но цврста ритам секција составена од бас гитаристот Бојан Митановски и Весела Христовска на тапани.
Рок освежување во време на стерилната технологија и компјутерски играчки во рацете на новите генерации.